Ако планирате да купите нов стан, тогаш сигурно од животниот простор сакате да создадете топол и удобен дом.
Затоа направивме 3Д рендери на становите, со цел да ви го доближиме распоредот и просторот на истите.
Станот oд 90м², го уредивме со цел да ви ја доловиме атмосферата во која би живееле со вашето семејство
Инспирација за уредување, за станови со ваква квадратура и како да го искористите максимумот од нив.
Благодарение на добриот план и распоред, станот располага со простран дневен престој, кујна, три спални соби, две бања и балкон, одговарајќи на потребите за живот на повеќе семејство. Погледнете ги фотографиите и пронајдете ја омилената идеја за вашиот дом.