Билд Инвест е градежна компанија специјализирана за градежни услуги водени преку иновации, интегритет и перформанси со цел градење на високо квалитетни домови. Во текот на своето работење, остваруваме континуиран успех во обезбедувањето на градежни решенија за подобро, посигурно и поквалитетно домување на сите наши клиенти.

Успешната соработка со сите наши партнери и клиенти се остварува со помош на доверба и постигнати резултати во процесот на проектирање и изградба, управувавјќи со квалификувана количина на ресурси.

Нашата сила е нашата посветеност кон квалитет и интегритет, нашата посветеност кон сите нашите клиенти и соработници, како и нашата силна увереност дека домовите кои ги создаваме ги задоволуваат и највисоките европски критериуми.

Посветени на висок квалитет и резултати ги применуваме најиновативните решенија во процесот на проектирање и изградба нудејќи им на сите наши клиенти квалитена градба, чесна услуга и висока вредност на нивните идни домови.

Добредојдовте во Вашиот нов Дом!

Нашата мисија се задоволни клиенти и соработници. Мисија која ја овозможуваме со високо ниво на професионалност, одговорност и навремено извршување на обврските кон сите нашите клиенти и соработници. Наш главен приоритет е обезбедување на квалитетни градби, со посебен акцент на сигурноста, енергетската ефикасност и квалитетот на градежните материјали.

Нашата визија е подобрувајќи го стандардот во градежништвото, обезбедувајќи поквалитетно домување при изградба на сите наши проекти, постигнувајќи извонредни резултати со континуирано зголемување на бројот на задоволни клиенти, градејќи долготрајни и успешни односи со сите наши партнери и соработници.

Наша цел е воспоставување на Билд Инвест како лидер во обезбедувањето на квалитетни градежни услуги во Р.Македонија, која би ја постигнале со долгогодишно и успешно партнерство со голем број на наши соработници.  Наша заложба е воспоставувањето на трајни односи и доверба со сите наши клиенти, надминувајќи ги нивните очекувања при изградбата на сите наши објекти.

ВРЕДНОСТИ

Безбедноста е врвен приоритет за сите наши вработени.

Ја интегрираме безбедноста и управувањето со ризик во нашите дневни операции, воспоставувајќи ја како составен дел од нашата работна култура.

Секојдневно сме посветени на подобрување на соработката со работниците и парнерите со цел обезбедување на долгорочни позитивни резултати.

Работиме со интегритет и се придржуваме до највисоките стандарди на морални и етички вредности.

Постапувајќи со интегритет градиме доверба што е врвен приоритет во секој однос, кој ја одржува позитивната релација со клиентите, изведувачите, добавувачите и останатите наши соработници.

Ние сме посветени на задоволството на клиентите, стремејќи се, не само да ги исполниме нивните очекувања, туку и да ги надминеме.

Се трудиме кон одржување и зголемување на енергетската ефикасност, подобрување на сигурноста како и квалитетот на градежните материјали.

Ние ги следиме нашите перформанси на сите проекти со цел да ги подобриме нашите работни процеси и овозможиме постојано подобрување на квалитетот.

Посветени на истражување на нови иновативни методи во процесите на проектирање и изведба со цел обезбедување и унапредување на квалитетот на домувањето, забрзан раст во процесот на квалитетна изградба како и со цел прилагодување на потребите на нашите клиенти.

Преку нашата посветеност на изградбата и управувањето, постојано ги надградуваме нашите вештини кои не поставуваат чекор пред нашата конкуренција.

Нашите вработени се нашиот најголем капитал.

Тимската работа овозможува корист од комбинирањето на индивидуалните таленти, вештини и стручност на сите наши вработени кои се од витално значење во справувањето со градежните предизвици.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО НАШИОТ КАТАЛОГ
Погледни