Стручноста на нашиот менаџерски тим како и на изведувачите на нашиот станбен објект А2 во Маџир Маало, овозможи забрзано и квалитетно градење, односно завршување на одредени фази од градењето пред предвидените рокови. Градежните работи се одвиваат во една динамична атмосфера, предводени од тим на професионалци во оваа област, кои се грижат да бидат опфатени сите елементи на квалитетна и енергетски ефикасна изградба на идните домови на нашите граѓани.

Фазата бетонирање е завршена со што е поставен “скелетот” на станбениот објект. За време на оваа фаза направени се низа испитувања од нашите институции кои само го потврдија квалитетот на бетонот кој е вграден во нашиот објект. Извршени се испитувања и на механичката отпорност, стабилноста и сеизмичката заштита на градбата, за кои истотака е добиено зелено светло за продолжување со наредните фази од градењето.

Веднаш по направените проверки и испитувања од нашите соодветни институции и нивното одобрување, започна фазата ѕидање. Се користат квалитетни термо блокови за надворешните зидови кои заедно со термофасадата и квалитетната ПВЦ столарија ќе им овозможат на идните станари одлична термо изолација. Звучната изолација помеѓу становите, пак, е регулирана со системот “сендвич ѕидови”

20160725_122434

20160725_1233354