ПОСТАВУВАЊЕ ЦЕМЕНТНА КОШУЛКА И ЗАПОЧНУВАЊЕ СО КЕРАМИЧАРСКИ РАБОТИ

Поставувањето цементна кошулка само по себе претставува доста важен процес заради неколку причини меѓу кои и со нејзино поставување се завршува процесот на звучна изолација. Имено,  високото ниво на звучна изолација во нашиот објект е постигнато и со поставување камена волна на реномираниот германски производител Knauf помеѓу бетонските површини на подот и цементната кошулка. Понатаму, преку поставувањето на цементната кошулка на некој начин се корегираат и најмалите нерамнини на бетонската плоча и се добива идеална рамна површина за поставување на финалниот производ на подот. Процесот сам по себе бара стручност и внимание на највисоко ниво заради избегнување на дополнителни проблеми кои можат да се појават доколку не бидат запазени одредени правила и техники во самата фаза.

По многу анализи а врз основа на позитивни критики од страна на други корисници, како единствен добавувач на керамички плочки и материјали беше избрана компанијата Енмон од Велес. Покрај широкиот избор на секаков вид керамички плочки од различни производители, самата компанија произведува и високо квалитетна фуга и лепак за плочки, а во нивните продажни салони можат да се најде и комплетна санитарија за купатилата. Во квалитетот на производите на оваа компанија се уверивме и ние. Купатилата, кујните, терасите како и ходниците во нашиот објект добија посебен сјај.

 

 

(more…)

Повеќе

ДЕМИТ ФАСАДА – НАДВОРЕШНА ИЗОЛАЦИЈА

Дали сте знаеле дека топлотната енергија најмногу се губи од надворешните ѕидови – дури 30%? Затоа, денеска поставувањето на “демит” фасада игра многу важна улога во градежништвото како и кај самото домување. Со висококвалитетна топлотна изолација (“демит” фасада) се постигнува висок степен на енергетска ефикасност како и подигнување на животниот стандард кај идните станари гледано од финансиска гледна точка.

За таа цел, во нашиот станбен објект А2 во Маџир Маало поставена е “демит” фасада со 10 см стиропор Усје и фасаден материјал од Bekament од соседна Србија.

 

 

 

 

 

 

 

 

Повеќе

МАШИНСКО МАЛТЕРИСУВАЊЕ И МОЛЕРСКИ РАБОТИ НА ВНАТРЕШНИ ЅИДОВИ

Веднаш по подобрувањето на временските услови започнавме со машинско малтерисување на внатречните ѕидови. За оваа фаза беше доведена екипа од професионални “малтерџии” директно од Италија од каде истотака беа набавени аголните лајсни и лајсните за правец на ѕидовите, додека пак машинскиот малтер е набавен од ОММ Огражден од Струмица. Со квалитетниот кадар и квалитетниот материјал добивме 100% прави ѕидови со најквалитетна подлога за нивна понатамошна обработка.

Молерските работи започнаа со бандажирање на бетонските делови (плафоните, столбовите, бетонските платна и бетонските греди) како и поставување на аголни лајсни  на столбовите и бетонските греди. Понатаму, следуваше глетување на ѕидовите во 2 раце, стругање на глет-масата и бојадисување со поликолор. Посебно внимание е посветено на оваа фаза бидејќи доаѓаме до финален производ кој ќе биде видлив и кој бара перфекција во изведбата за добивање на највисок квалите. И во оваа фаза е користен висококвалитетен кадар и материјал.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Повеќе

ПВЦ Столарија

Со поставувањето на ПВЦ прозорците дојдовме до фазата затворена карабина. Изведувачот е една од најпознатите и веќе докажани компании на  домашниот пазар од оваа дејност – “Проспера” од Куманово.

2

8

19

 

Поставените ПВЦ прозорци се со шестокоморен профил и двослојно термопан стакло за 4 сезони. Профилите се производство на Trocal од Германија. Една од предностите на овој вид на профили, покрај квалитетот, е и изоставувањето на оловото како стабилизатор во процесот на производството со што се отстранува штетното дејство на овој отровен метал. Стаклата, пак, се производство на американската компанија Guardian која е специјализирана за производство на специјални нискоемисиони стакла со меко покритие со кое се зголемуваат изолаторските својства на самото стакло. Истотака, прозорците се исполнети со гас Аргон со што топлинската изолација на самиот прозор е зголемена за уште 10%.

 

26

Повеќе

ФАЗА ЕЛЕКТРИКА, ВОДА И КАНАЛИЗАЦИЈА

Паралелно со покривањето на зградата, започна и поставувањето на електрична, водоводна и канализациона мрежа. За оваа фаза се ангажирани фирми кои се веќе докажани во својата област. Самата специфичност на оваа фаза бара добро изготвен план за работа, многу внимателност и прецизност кај изведувачите. Како и кај претходните фази, инвеститорот и  изведувачот ќе обезбедат висококвалификувани експерти од ќе се извршат низа испитувања и инспекции како на материјалот што ќе биде употребен, така и на целата фунционалност на оваа фаза.

bild invest kanali za elektricni kabli

bild invest kanalizacija bild invest voda

Повеќе

ПОСТАВУВАЊЕ КРОВ И КРОВНА ИЗОЛАЦИЈА

Активностите на нашиот станбен објект А2 во Маџир Маало продолжуваат со предвиденото темпо. Фазата ѕидање е завршена, со што се оформени сите катови, односно сите станови во зградата. Крајот на оваа фаза им овозможи на нашите клиенти да добијат појасна слика околу распоредот на собите и становите и веќе започнуваат  првите официјални планови околу уредувањето на самите станови.

Наредна фаза која што следува е покривањето на зградата, односнопоставување на кровот. Кровната конструкција е оформена од дрвени греди и покриена со даски, тондах фолија и висококвалитетен челично-пластифициран лим. Како и кај сите фази од изградбата досега, така и кај оваа фаза се работеше многу претпазливо и плански за да се постигне крајната цел, односно правилно и квалитетно спроведување на атмосферската вода преку падови, хоризонтални и вертикални канали (олуци).

 

bild_invest_krov

19

 

 

 

 

 

 

За да се постигне потребната енергетска ефикасност на зградата, пак, поставивме топлотна изолација над последната плоча во поткровниот простор. Изолацијата се состои од 15 цм тервол (фибран) со што се задоволени високите стандарди за енергетска ефикасност на зградата поставени од надлежните институции. Од превентивни мерки, поставена е ”кондор” трака под хоризонталните олуци како изолација на тој дел од кровот.

 

bild_invest_krov_lim

 

20161026_150946

bild_inves_krov

 

 

Повеќе