ПОСТАВУВАЊЕ КРОВ И КРОВНА ИЗОЛАЦИЈА

Активностите на нашиот станбен објект А2 во Маџир Маало продолжуваат со предвиденото темпо. Фазата ѕидање е завршена, со што се оформени сите катови, односно сите станови во зградата. Крајот на оваа фаза им овозможи на нашите клиенти да добијат појасна слика околу распоредот на собите и становите и веќе започнуваат  првите официјални планови околу уредувањето на самите станови.

Наредна фаза која што следува е покривањето на зградата, односнопоставување на кровот. Кровната конструкција е оформена од дрвени греди и покриена со даски, тондах фолија и висококвалитетен челично-пластифициран лим. Како и кај сите фази од изградбата досега, така и кај оваа фаза се работеше многу претпазливо и плански за да се постигне крајната цел, односно правилно и квалитетно спроведување на атмосферската вода преку падови, хоризонтални и вертикални канали (олуци).

 

bild_invest_krov

19

 

 

 

 

 

 

За да се постигне потребната енергетска ефикасност на зградата, пак, поставивме топлотна изолација над последната плоча во поткровниот простор. Изолацијата се состои од 15 цм тервол (фибран) со што се задоволени високите стандарди за енергетска ефикасност на зградата поставени од надлежните институции. Од превентивни мерки, поставена е ”кондор” трака под хоризонталните олуци како изолација на тој дел од кровот.

 

bild_invest_krov_lim

 

20161026_150946

bild_inves_krov

 

 

Повеќе

КРАЈ НА ФАЗАТА БЕТОНИРАЊЕ И ЗАПОЧНУВАЊЕ СО ЅИДАЊЕТО

Стручноста на нашиот менаџерски тим како и на изведувачите на нашиот станбен објект А2 во Маџир Маало, овозможи забрзано и квалитетно градење, односно завршување на одредени фази од градењето пред предвидените рокови. Градежните работи се одвиваат во една динамична атмосфера, предводени од тим на професионалци во оваа област, кои се грижат да бидат опфатени сите елементи на квалитетна и енергетски ефикасна изградба на идните домови на нашите граѓани.

Фазата бетонирање е завршена со што е поставен “скелетот” на станбениот објект. За време на оваа фаза направени се низа испитувања од нашите институции кои само го потврдија квалитетот на бетонот кој е вграден во нашиот објект. Извршени се испитувања и на механичката отпорност, стабилноста и сеизмичката заштита на градбата, за кои истотака е добиено зелено светло за продолжување со наредните фази од градењето.

Веднаш по направените проверки и испитувања од нашите соодветни институции и нивното одобрување, започна фазата ѕидање. Се користат квалитетни термо блокови за надворешните зидови кои заедно со термофасадата и квалитетната ПВЦ столарија ќе им овозможат на идните станари одлична термо изолација. Звучната изолација помеѓу становите, пак, е регулирана со системот “сендвич ѕидови”

20160725_122434

20160725_1233354

Повеќе

Како ќе изгледа Вашиот нов дом?

Ако планирате да купите нов стан, тогаш сигурно од животниот простор сакате да создадете топол и удобен дом.

Затоа направивме 3Д рендери на становите, со цел да ви го доближиме распоредот и просторот на истите.  

Станот oд 90м², го уредивме со цел да  ви ја доловиме атмосферата во која би живееле со вашето семејство

Инспирација за уредување, за станови со ваква квадратура и како да го искористите максимумот од нив.

Благодарение на добриот план и распоред, станот располага со простран дневен престој, кујна, три спални соби, две бања и балкон, одговарајќи на потребите за живот на повеќе семејство. Погледнете ги фотографиите и пронајдете ја омилената идеја за вашиот дом.

Повеќе

Поставување хидроизолација во темелната плоча на објектот А2

Поставување хидроизолација на темелната плоча со производите на Sika – најпознатата светска компанија која меѓу другото нуди и најсовремени и најквалитетни хидроизолациони материјали и системи.

Изградбата на енергетско ефикасен објект продолжува со целосно нови критериуми во овој сектор на недвижности во Македонија. Изведбата на вакви градителски проекти бара нови вештини и знаења на  професионалниот кадар на компанијата, но и на самите градежни работници на градилиштето.

 Врвен квалитет на изградба и материјали почнувајќи од термо блоковите, енергетско ефикасните прозорци и дебелината на нивното стакло, термичката фасада на зградата до енергетско ефикасните врати со кои целосно се заокружува процесот на обезбедување минимална потрошувачка на топлинска енергија во идните станови како и заштита на животната средина.

Повеќе

Поставување на камен темелник на станбениот објект А2

Билд Инвестмент започнува со изградба на новиот станбен објект А2 во Скопје. Денеска беше поставен камен темелник и бетонирање на темелната плоча. Со тоа започнавме со интензивно градење на станбениот објект А2 според најновите стандарди , кој ќе прерасне во дом на 50 семејства, идни купувачи на квалитетен, стабилен, енергетски ефикасен дом од високата А класа.

Дом кој ќе Ви донесе мир, а сепак да бидете блиску до секојдневните градски збиднувања.

Објектот е лоциран во срцето на градот, на ул. “Maџир Маало” бр. 36, во општина Центар, Скопје, во близина на Железничката и Автобуска станица, Народна Банка на РМ, Веро Центар.
За повеќе информации контактирајте на: 070/211-273 или на: contact@bildinvest.mk

Повеќе