Како ќе изгледа Вашиот нов дом?

Ако планирате да купите нов стан, тогаш сигурно од животниот простор сакате да создадете топол и удобен дом.

Затоа направивме 3Д рендери на становите, со цел да ви го доближиме распоредот и просторот на истите.  

Станот oд 90м², го уредивме со цел да  ви ја доловиме атмосферата во која би живееле со вашето семејство

Инспирација за уредување, за станови со ваква квадратура и како да го искористите максимумот од нив.

Благодарение на добриот план и распоред, станот располага со простран дневен престој, кујна, три спални соби, две бања и балкон, одговарајќи на потребите за живот на повеќе семејство. Погледнете ги фотографиите и пронајдете ја омилената идеја за вашиот дом.

Повеќе

Поставување хидроизолација во темелната плоча на објектот А2

Поставување хидроизолација на темелната плоча со производите на Sika – најпознатата светска компанија која меѓу другото нуди и најсовремени и најквалитетни хидроизолациони материјали и системи.

Изградбата на енергетско ефикасен објект продолжува со целосно нови критериуми во овој сектор на недвижности во Македонија. Изведбата на вакви градителски проекти бара нови вештини и знаења на  професионалниот кадар на компанијата, но и на самите градежни работници на градилиштето.

 Врвен квалитет на изградба и материјали почнувајќи од термо блоковите, енергетско ефикасните прозорци и дебелината на нивното стакло, термичката фасада на зградата до енергетско ефикасните врати со кои целосно се заокружува процесот на обезбедување минимална потрошувачка на топлинска енергија во идните станови како и заштита на животната средина.

Повеќе

Поставување на камен темелник на станбениот објект А2

Билд Инвестмент започнува со изградба на новиот станбен објект А2 во Скопје. Денеска беше поставен камен темелник и бетонирање на темелната плоча. Со тоа започнавме со интензивно градење на станбениот објект А2 според најновите стандарди , кој ќе прерасне во дом на 50 семејства, идни купувачи на квалитетен, стабилен, енергетски ефикасен дом од високата А класа.

Дом кој ќе Ви донесе мир, а сепак да бидете блиску до секојдневните градски збиднувања.

Објектот е лоциран во срцето на градот, на ул. “Maџир Маало” бр. 36, во општина Центар, Скопје, во близина на Железничката и Автобуска станица, Народна Банка на РМ, Веро Центар.
За повеќе информации контактирајте на: 070/211-273 или на: contact@bildinvest.mk

Повеќе