Активностите на нашиот станбен објект А2 во Маџир Маало продолжуваат со предвиденото темпо. Фазата ѕидање е завршена, со што се оформени сите катови, односно сите станови во зградата. Крајот на оваа фаза им овозможи на нашите клиенти да добијат појасна слика околу распоредот на собите и становите и веќе започнуваат првите официјални планови околу уредувањето на самите станови.
Наредна фаза која што следува е покривањето на зградата, односнопоставување на кровот. Кровната конструкција е оформена од дрвени греди и покриена со даски, тондах фолија и висококвалитетен челично-пластифициран лим. Како и кај сите фази од изградбата досега, така и кај оваа фаза се работеше многу претпазливо и плански за да се постигне крајната цел, односно правилно и квалитетно спроведување на атмосферската вода преку падови, хоризонтални и вертикални канали (олуци).
За да се постигне потребната енергетска ефикасност на зградата, пак, поставивме топлотна изолација над последната плоча во поткровниот простор. Изолацијата се состои од 15 цм тервол (фибран) со што се задоволени високите стандарди за енергетска ефикасност на зградата поставени од надлежните институции. Од превентивни мерки, поставена е ”кондор” трака под хоризонталните олуци како изолација на тој дел од кровот.