Поставување хидроизолација на темелната плоча со производите на Sika – најпознатата светска компанија која меѓу другото нуди и најсовремени и најквалитетни хидроизолациони материјали и системи.
Изградбата на енергетско ефикасен објект продолжува со целосно нови критериуми во овој сектор на недвижности во Македонија. Изведбата на вакви градителски проекти бара нови вештини и знаења на професионалниот кадар на компанијата, но и на самите градежни работници на градилиштето.
Врвен квалитет на изградба и материјали почнувајќи од термо блоковите, енергетско ефикасните прозорци и дебелината на нивното стакло, термичката фасада на зградата до енергетско ефикасните врати со кои целосно се заокружува процесот на обезбедување минимална потрошувачка на топлинска енергија во идните станови како и заштита на животната средина.