Точно по 2 години напорна работа нашиот објект е завршен и спремен за вселување. Поминати се сите инспекциски контроли на квалитет и фукционалност, обезбедена е сета административна документација  и со тоа објектот е ставен во функција. Во текот на изградбата применети се најновите и најфукционалните процеси и употребувани се најквалитетните материјали на пазарот. За таа цел беа ангажирани реномирани фирми – изведувачи, поголем дел од нив веќе познати и докажани со нивните производи и услуги на нашиот пазар. Секој процес е нагледуван од стручни лица а по потреба беа користени и дополнителни консултантски услуги од фирми специјализирани за одредени специфични фази од изградбата.

Среќни сме што обезбедивме топол и среќен дом на повеќе семејста, а со нови сили и предизвици продолжуваме понатаму!